Поп од српскиот град Рума, инаку сопруг и татко на малолетно дете, е главна тема во Србија откако низ градот се прошири снимката од секс сцена со неговата љубовница. Да биде работата уште побизарна, видеото го нашол неговиот син во телефонот на татко му.
“ Се започнало кога детето го разгледувал телефонот на татко му и дошол до видеото. Веднаш го покажал на мајка му која не можела да верува во тоа што го гледа. Не се знае дали повеќе ја шокирало видеото или тоа што нејзиното дето го погледнало – изјавил извор за српски Курир.
Инаку, се работи за поп кој венчавал и одел по куќите да осветува вода, со што бруката била уште поголема.
“ Тој не венчаше и секоја година ни доаѓаше дома да ја освети водата. Повеќе не го сакам во нашата куќа“ – изјавила една граѓанка на Рума.
Попот секогаш се преставувал како поштен, фин и културен човек кој во јавноста обично се појавувал со семејството.
“ Секогаш модерно се облекуваше и никој не би помислил дека е поп. Се гледаше дека сака добра забава а убавите жени му беа слаба точка – изјавил низ смеа еден познаник на попот, кој мисли дека ова му е наместено од љубоморните мажи.
Инаку, жената од видеото во градот ја препознале по тетоважата, а веднаш по скандалот таа го избришала својот Фејсбук профил.