Богатството на Ворен Бафет е проценето на над 116 милијарди долари, па многумина токму него го слушаат кога зборува за тајните на успехот и деловните резултати.
Меѓутоа, тој вели дека состојбата на сметката не е круцијална мерка на вашиот успех.
Дефиницијата на успех на Ворен Бафет го надминува богатството, славата и финансиите, пренесува „Investitor“.
Во својата биографија од авторката Алис Шредер пишувано е за времето кога милијардерот одржал презентација на Универзитетот во Џорџија во 2001 година кога бил прашан за успехот.
Кога студентите го прашале да го дефинира успехот, Бафет (91) понудил подлабок увид.
„Главно, кога ќе бидете на мои години, својот реален успех во животот ќе го мерите по тоа колку тие луѓе кои сакаш да ги сакаш, всушност ги сакаш“, изјавил тој.
„Познавам многу луѓе кои имаат многу пари, одат на гала вечери и болниците добиваат имиња по нив, а вистината е дека никој на светот не ги сака. Тоа е ултимативен тест кој покажува како сте го живееле вашиот живот“.
Извршниот директор на „Berkshire Hathaway“ е милијардер кој сам го заработил своето богатство, а и натаму зборува за корелацијата меѓу љубовта и парите.
„Проблемот со љубовта е тоа што таа не е на продажба, не можете со пари да го купите целиот свет. Единствениот начин да добиете љубов е да бидете сакани. Тоа знае да биде многу иритантно доколку имате многу пари, а чувствувате голема празнина. Можеби мислите дека би можеле да напишете чек – ќе купам љубов вредна милион долари. Но, тоа не функционира на тој начин.
Знајте – колку повеќе давате љубов, толку повеќе ќе добиете“, порачал милијардерот.
Значи, еден од најбогатите луѓе на светот вели дека сметката во банка не дефинира колку сте успешни – тоа го покажува љубовта која ја давате и добивате.