Во червртокот попладне, на периферијата на Куманово жена на возраст околу 30 години трчала гола барајќи помош, зашто бега од напад, како што кажала самата. Жителите кои ја виделе, кажуваат дека околу 15.30 часот се движела од населбата Карпош кон градот. Кога дошла до првите куќи на улицата Доне Божинов, едно семејство ја прибрало да ѝ помогне пишува сдк.мк.
Од СВР Куманово потврдија дека настанот е пријавен кај нив, по што полициски службеници излегле на местото и ѝ дале асистенција на медицинска екипа за спроведување на лицето во соодветна установа. Велат дека се работи на расчистување на случајот, но не дадоа повеќе информации.