Најдобрите пријателки, кои се запознале во тинејџерските години, сега се во брак. Она што ја прави оваа љубовна приказна необична е фактот што во времето кога се запознале и двете биле девојки. Нивната љубов се разгорела кога едната го променила полот.
Тие брзо станале најдобри пријателки. Како што поминувале месеците, Арон почнал да сфаќа дека има романтични чувства кон Кајла, но се плашел дека таа ќе реагира, па решил да ги задржи за себе.
Тој бил израснат во конзервативно семејство и одел на миса неколку пати неделно, но откако сфатил дека е трансродова личност и решил да го промени полот, Кајла останала со него.
По долгогодишно пријателство, сфатил дека е дојдено време да и ги покаже своите вистински чувства. Тој ја бакнал, а на негово изненадување, таа му возвратила. И не само бакнеж туку чувства. Тие набрзо влегле во врска и се венчале минатата година.
Арон за медиумите изјави дека поради неговото религиозно воспитување не знаел за ЛГБТК+ заедниците, но уште како дете се чувствувал поинаку. Дури кога развил чувства кон Кајла, сфатил дека не е хетеросексуалец.
„Моите рани години беа предизвикувачки бидејќи уште од мали нозе знаев дека не го чувствувам она што го чувствуваат другите на моја возраст. Како што влегов во пубертет, стана очигледно дека нешто не е нормално и почнав да истражувам. Поради моето семејство, никогаш не размислував за моите чувства. не знаев дека постои ЛГБТК + заедница“, рече тој.
Откако првично му признала на семејството дека е лезбејка, тие го принудиле да разговара со свештеникот за да се „излечи“.
Арон истакнува дека неговото семејство било многу разочарано и постојано наоѓало причини зошто ги кажува работите што ги кажал. Тие чувствувале дека тој не се моли доволно.
Затоа не е чудно што тој го напуштил семејниот дом на 16-годишна возраст.
„Беше многу природно да се премине од пријателство во врска. Арон беше истата личност без разлика на името или заменката, така што неговата транзиција не влијаеше на нашата врска. Нашата врска секогаш беше подлабока од само пријателство, и иако не разбирав кога бев помлада, сето тоа почна да има смисла кога се обединивме по транзицијата“, додаде Кајла.
Тие се венчале минатата година, а Арон вели дека е неверојатно благословен со бракот со Кајла.