Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Алергијата на храна е претерана реакција на имунолошкиот систем на одредена материја во храната. Се создаваат антитела кои патуваат до клетки кои ослободуваат хемикалии кои предизвикуваат алергиски симптоми. Најчесто е тоа во носот, белите дробови, грлото, синусите, ушите, кожата.
За да биде храната квалификувана како алерген, таа храна треба да е безопасна за повеќето луѓе.
Силната алергиска реакција се јавува по внес на предизвикувачката храна и може да предизвика животно загразувачка состојба анафилакса. Симптомите почнуваат 5-30 минути по консумација на храната и контакт со алергенот:
– црвен осип со уртикарија и чешање
– оток на грлото или на други делови од телото
– отежнато голтање
– отежнато дишење
– трнење во рацете и нозете
– тежок пад на крвниот притисок и шок (анафилактичен шок)
– губиток на свест
Не–анафилактичната реакција не е толку тешка и вклучува:
– осип на кожата, копривњача со чешање
– запушен нос,чешање во носот, кивање
– солзење од очите и чешање
– гастроинтестинални симптоми – дијареа, пореметено варење, гадење, гасови, повраќање.
Теоретски секоја храна може да предизвика алергиски одговор но најчести се:
– млеко
– јатки
– јајца
– кикиритки
– пченица
– школки
– соја
– сусам
Прехрамбените адитиви (природни и вештачки конзерванси, засладувачи) може да се алергени.
Ретки алергии на храна
– орален алергиски синдром
– синдром на ентероколитис, при рана изложеност на цврста храна на бебето
– еозинофилен езофагитис
“Хигиенската хипотеза” смета дека растејќи во чиста и “антибактериска” средина имунолошкиот систем нема можност да разбере што е штетно, а што не.
Возрасните кои имале “валкано” детство (во рамки на разумот) се помалку склони кон алергии. Раната и продолжена изложеност на различни микроби негува здрав имунолошки систем.
Дисрегулација на микробиомот во организмот и во околината предизвикува конфузност на имунолошкиот систем кој претерано реагира.
Недостатокот на влакна во исхраната ја пореметува имунолошката хомеостаза во цревата.
При варењето на нездрава и брза храна се создаваат токсични метаболити, се нарушува цревната мукозна бариера и токсините и алергените влегуваат во телото. Децата со алергии на храна консумираат повеќе нездрава храна.
Отровите од околината го нарушуваат микробиомот: хемиски адитиви, конзерванси, бои, пластика, пестициди, антибиотици во индустриското одгледување животни.
Влијанија од раното детство: раѓање со царски рез (трансферот на микробиомот од мајката на новороденото е преку родилниот канал), внес на цврста храна прерано во детството, изложеност на антибиотици во рано детство.
Лек за алергија на храна не постои. Потребно да се:
– избегнува храната која дава алергија
– избегнуваат сосови, содржат кикиритки и јаткасти продукти за подобрување на вкусот и текстурата
– јаде цела храна, повеќе влакна
– внимава во ресторан
– избегнува преработена храна
– има антихистаминик при рака
– читаат етикетите на храната
– изберат здрави алтернативи
– диета на елиминација за алергени од храната