Се појави трогателна снимка од украинска медицинска сестра која ужива во својот прв свадбен танц во болницата во Лавов, откако ги загубила двете нозе во експлозија на руска мина.
Оксана (23) на 27 март се шетала со својот сопруг Виктор во нивниот роден град Лисичанск во областа Луганск, кога згазнала на мина.
Виктор не е повреден во експлозијата, но Оксана останала без двете нозе и четири прсти на левата рака.
Оксана за чудо преживеала и по четири тешки операции била евакуирана во Днепар, а потоа во Лавов, каде што треба да добие протези.
По пристигнувањето во Лавов, Виктор и Оксана, кои имаат две деца, решиле да си го кажат судбоносното „да“.
На видеото, направено од медицинска сестра во болницата, се гледа како Виктор ја држи Оксана во раце и танцува низ болничката соба додека толпата аплаудира.
Врховната Рада на Украина го сподели ова трогателно видео на својот официјален Твитер профил и им посака среќа.
„Животот не треба да се одложува, одлучија Оксана и Виктор, кои шест години не најдоа време да се венчаат“, изјавија од Лекарското здружение Лавови.
Како што изјавија од здружението за Sky News, тие купиле бурми во Лавов, на Оксана ѝ пронашле бел фустан, а волонтери во болницата направиле свадбена торта.
Нивната венчавка се одржа на одделот за хирургија во пресрет на подготовките на Оксана за протетика и физикална терапија.
Оксана сега се подготвува да отпатува во Германија со својот сопруг на понатамошно лекување.
https://twitter.com/i/status/1521194382682202113