825
Непознати вандали викендов целосно ја уништиле наплатната рампа на затворениот паркинг „Лирија“, спроти зградата на судот во Тетово, јави локалниот портал „Глас“.
Случајот е пријавен во полиција, ќе се разгледуваат снимките од безбедносните камери, а против сторителите ќе следуваат соодветни казни, информираа од ЈП „Градски паркинг“.
„ЈП “Градски паркинг” повторно апелира граѓаните да се воздржуваат од вакви несакани вандализми. Урбаната опрема треба сите да ја чуваме, градот припаѓа на сите подеднакво. Ова не е добра слика на нашето Тетово“, додадоа од претпријатието.
