По повод на Меѓународниот ден на џезот, пред два дена во паркот „Ибни Пајко“, Здружението на џез музичари (ЗЏМ) организираше целодневна џез музичка дружба.
На манифестацијата настапија: Џоле Грујовски, Џон Илија Апелгрен, Гордан Спасовски, потоа Агни Авшар, Јордан Костов, „SS Project“,„Off Ground Enseble“, Сашо Поповски како и „CuckooRack aka Bopers“и Тони Китановски.
За време на настапот на „CuckooRack aka Bopers“ на сцената се појави и револтиран маж кој ги запре музичарите и побара да се тргне паркиран автомобил.
Коментар на оваа тема на фејсбук објави и Никола Наумоски, ексшеф на кабинет на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов.
„Вчера во парк Ибни Пајко имало џез концерт и на сред солажа се случува ова:…“, напиша Наумоски.