Инфлуенсерката Анастасија Покрешчук го привлече вниманието на јавноста со својот необичен физички изглед. Имено, нејзината желба е да ги има ‘најголемите образи на светот’ со помош на естетска хирургија.
Како што може да се види, таа почнала да ја постигнува својата цел. Во изминатите неколку години таа правела козметички процедури, вклучително и инјекции за филер и ботокс, фурнири, менување на обликот на вилицата и липосукција.
Покрешчук има 32 години. По потекло е од Украина, а моментално живее во Истанбул. Таа признава дека претходно сама си вбризгувала филери во образите откако погледнала онлајн туторијал.
„Ова можеби звучи опасно, но јас им верувам на лекарите на интернет“, рекла таа.
Со вакви третмани почнала да се занимава на 26 години. Таа истакнува дека сега има повеќе самодоверба од кога било досега. За време на гостувањето во емисијата „This Morning“, изјавила дека порано ‘изгледала како хрчак’ и дека не жали за својот изглед.
„Лицето ми е сега пропорционално. Носот ми беше преголем, што многу ми пречеше. Сега имам усни и образи, па сè изгледа добро”, рекла таа.
Додала дека нејзината мајка ја критикувала и имала голем број негативни коментари на нејзините профили на социјалните мрежи, но не обрнувала внимание на нив. Оваа жена, за жал, е пример колку несигурноста и комплексите можат да влијаат на изгледот.