Милијардерот Бил Гејтс повторно предупреди дека светот сè уште не го видел најлошото од пандемијата на коронавирус, за која постои ризик многу поголем од пет проценти.
Сопственикот на Мајкрософт истакна дека не сака да звучи „мрачно“, но дека постои ризик да се создаде „побрз пренос“ и „фатална“ варијанта на вирусот.
-Сè уште сме во опасност овој вирус да создаде варијанта што би била уште попренослива и уште пофатална. Не сакам да бидам глас на пропаст и тага, но ризикот е далеку над пет проценти-не сме го виделе најлошото од пандемијата, изјави Гејтс за Фајненшл Тајмс.
Предупредувањето на Гејтс доаѓа откако Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), предупреди оваа недела дека луѓето сè уште треба да бидат внимателни со вирусот.
Гејтс, кој во вторник ја објавува својата нова книга „Како да се спречи следната пандемија“, ги советува владите ширум светот да инвестираат во тим од епидемиолози и компјутерски моделари за да помогнат во идентификувањето на глобалните здравствени закани во иднина.