Новинарката на SKY NEWS од Украина ја пренесува приказната за Викторија која родила близнаци еден ден откако го изгубила сопругот.
Богдан Назаренко, 35-годишен украински граничен полицаец, бил убиен на 14 март. Тој бил убиен од руски снајперист, пишува Sky News.
Семејството и пријателите се обиделе да ја заштитат Викторија од вестите, загрижени за влијанието што би можело да го има врз неа додека е во висока фаза од бременоста.
Таа добила породилни болки откако дознала дека нејзиниот сопруг починал
Скоро три недели подоцна дознала дека нејзиниот сопруг починал. Дотогаш тој веќе бил погребан. Штом и рекле дека нејзиниот сопруг е убиен, нејзиното породување започнало.
Еден ден подоцна, 34-годишната Викторија, која била во 35-та недела од бременоста, родила близнаци.
„Тоа е се што ми остана од него – моите бебиња и моите спомени, кои никогаш нема да бидат избришани“, рекла младата вдовица, со солзи по нејзиното лице. Таа на новинарката и открила дека таа и нејзиниот сопруг осум години се обидувале да добијат дете.
„Ја слушнав веста за смртта на мојот сопруг на 3 април, а се породив на 4 април“, изјави таа за Sky News, седејќи до креветчето, каде што спиеја нејзините бебиња, кои се помалку од еден месец.
Семејството моментално живее со родителите на Богдан во мал стан во северниот град Низин. Нејзината мајка и таткото на Богдан прават се за да и помогнат.