На социјалните мрежи се шири емотивно видео од девојченце од Украина кое едвај чекало да се врати татко ѝ од бојното поле.
Девојчето е снимено од семејството како скока на прагот и го чека својот татко, а потоа возбудена му скока во прегратка.
Тато донесе и подарок.
„Се бориме за вакви моменти. На видеото девојчето го пречекува својот татко, бранител. Ајде да победиме заедно“, стои во описот на видеото објавено на официјалниот Фејсбук профил на украинската армија.
Видеото е прегледано 10.000 пати за еден час.