Монструозно злосторство се случило во американскиот град Винсонинс на почетокот на неделава, во кое десетгодишното девојче Лили Петерс било сексуално злоставувано откако било убиено од четири години постарото момче.
На мачното рочиште одржано вчера попладне, 14-годишниот осомничен бил обвинет за убиство, како полнолетен, а судијата Беџамин Лејн се согласил со барањето на обвинителот да определи кауција во износ од еден милион долари. На обвинетиот му било наредено да избегнува контакт со малолетни лица, освен со неговите браќа и сестри, под услов таквиот контакт да биде надгледуван.
Обвинителството го идентификувало осомничениот по неговите иницијали, и тоа само како четиринаесетгодишно момче и навеле дека ученикот од осмо одделение признал дека физички нападнал дете пред да го задави до смрт, а потоа и сексуално да го нападне.
– Осомничениот ја удрил жртвата со тупаница во стомакот, ја соборил на земја, суштински ја задавил, ја удирал со стап, а потоа сексуално ја нападнал – изјавил окружниот обвинител на округот Чипева, Вејд Њуел, кој го обвини осомничениот тинејџер за убиство од прв степен, сексуален полов напад од прв степен и сексуален напад од прв степен со дете кое не наполнило 13 години што резултирало со тешки телесни повреди, за кои е можно да добие доживотен затвор.
Адвокатот на одбраната ќе се обиде да го оспори барањето на тинејџерот да му се суди како полнолетен и предметот да се префрли на суд за малолетници. Телото на Лили било испратено преку државните граници во округот Ремзи, Минесота, каде што била извршена обдукција.
Лили исчезнала во неделата навечер, што го пријавил нејзиниот татко откако не се вратила од кај тетка и. Тимот за пребарување го пронашол нејзиното тело следното утро во предградие во близина на пиварницата Лејненкугел. Шефот на полицијата на Чипс Фолс, Метју Келм, уште во вторникот изјавил дека е приведен неидентификуван малолетник.
– Осомничениот не бил странец, туку познат на жртвата. Не веруваме дека во овој момент постои опасност за заедницата – изјавил тогаш началникот на полицијата, кој издал и налог за претрес во куќата на тетката на Лили на улицата Норт Гроув.