Морган Фримен е американски актер, режисер и наратор. Покрај тоа тој е и страстен морнар, а во врска со тоа во едно интервју открил зошто носи обетки.
Познат по својот препознатливо длабок глас, Фримен го знаеме по своите различни улоги во широк спектар од филмските жанрови. Во текот на кариерата која трае повеќе од пет децении тој добил многу признанија, вклучувајќи ги и наградите Оскар и Златен Глобус, како и награда од здружението на филмски актери.
Во едно интервју за „The Guardian“ тој зборувал за љубовта кој морето и ја открил причината поради која носи обетка:
„Отсекогаш сум сакал обетки. Тоа има врска со мојата поврзаност со морето. Јас сум страстен морнар обоен во сината вода. Знаете ли зошто морнарите носеле златни обетки? Тоа се доволно пари за да те погребаат во друга земја“.
Фримен исто така објаснил како е да се биде морнар:
„Потребно е да бидете храбри, да сакате да се соочите со морето и да преживеете речиси неиздржливи ситуации. Сум бил во опасни невремиња. Има моменти кога помислувате дека можеби нема да поминат, а во некој друг момент повеќе не се плашите од ништо“.
Носењето обетки се практикувало од причина што доколку на морнарите им се случи нешто лошо, од нивната вредност ќе можат да платат трошоците за ковчег и погреб.