Бери Друит-Барлоу (51), татко на шест деца, очекувал тројки со својот нов вереник Скот (27) и поранешното момче Тони, откако сите тројца мажи го дале својот генетски материјал.
Но, бременоста се свела на само едно дете, односно момче кое треба да се роди на 7 август.
– Не престанавме да му купуваме работи. Сигурно ќе биде разгалено како и сите други деца. Му купивме најнова дизајнерска облека и ја опремивме целата соба – вели Бари.
Сепак, најскапото нешто што идните родители му го купиле на својот нероден син е секако јахта вредна четири милиони евра.
– Името на јахтата ќе биде Ривер Древит-Барлов, иако сме ја менувале повеќе од пет пати. Планираме да купиме и недвижен имот за мојот син. Мислам, фер е, затоа што купивме нешто за нашите деца – вели Бари.
– Ќерка ми минатиот месец само за бебешка облека потроши повеќе од 28.000 евра. Сите сме многу возбудени – изјави таткото на шест деца.
Бери и Скот планираат наскоро да купат нова куќа, а сите овие информации ги споделуваат со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм кои сметаат дека ваквиот начин на живот е арогантен.
– Луѓето секогаш ќе зборуваат и навистина не обрнувам внимание. Тоа се мои пари, работам за нив и ќе трошам како сакам. Животот е премногу краток за да можам да се воздржам. Не можам да ги носам парите со себе во гроб, па затоа е идеално време да ги потрошам – заклучил Бари.
Меѓутоа, освен ненормалната сума на пари што ја издвоил за своето неродено дете, Бариа е придружен со уште една голема бизарна работа.
Имено, Скот, кој е 24 години помлад од него, е и поранешно момче на неговата ќерка.