Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, на петгодишнината од настаните во македонското Собрание на 27 април 2017 година, на неговиот Фејсбук профил раскажа за случка при упадот во Собранието на 27-ми април пред пет години.
– Ова е за патриотите и уставобранителите. Имаше еден чичко (дедо) којшто во тој упад во Собранието, влегол со чадор. Со чадорот упорно удираше по Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски и по мене. По некое време, Дамјан го праша: Чиче, да ти го купам чадорот за 300 денари? Чичето одговори: мојов е скап, голем е, вреди барем 500. На Дамјан му дадов 1.000 денари. Му ги даде на чичето. Ни го даде чадорот за 1.000 денари и излезе од прес центарот на Собранието – напиша Шилегов на социјалните мрежи.
„Ах, Македонијо … Те продадоа за 1.000 денари. Како бакшиш на певаљка (па макар и оперска) која денес глуми лудило пред Собрание“, напиша Шилегов.