Бритни Чрч го родила своето прво дете шест дена откако го прославила својот 16-ти роденден. И оттогаш таа не застанала.
Со првиот сопруг имала уште четири деца, а потоа во 2010. година се развеле. По разводот била претпазлива, но во 2012. година неочекувано забременила. Таа поминала три години сама одгледувајќи шест деца, се до 2014. година кога го запознала сегашниот сопруг Крис, со кого има уште шест деца.
Пред две години родила тројки, а пред една година најмалото дете. Таа поминала вкупно 88. месеци бремена или седум години и четири месеци од животот.
„Не уживам толку во бременоста, но би го направила тоа повторно кога би требало. Многу ги сакам своите деца”, изјавила Американката.
Бритни и Крис трошат преку 280 долари неделно на намирници. Семејството јаде пет кутии житарки, пие 66. пакувања млеко и троши 600. пелени за само седум дена.
„И’ покрај тоа што мислат луѓето, мојот живот не е хаотичен и не морам да се потпирам на финансиска помош за да го прехранам семејството. Луѓето имаат толку многу погрешни претпоставки за нас кои едноставно не се точни“, додала таа претходно за CafeMom.
Иако претходно изјавила дека сака уште деца, сега тоа е на чекање. Признава дека е тешко да се подигнуваат четири деца помлади од три години.