Фолк-пејачката Ирена Спасовска 30 години е на музичката сцена. И денес многумина ја паметат по настапите со Адријана Алачки, кога двете во тандем беа многу популарни во деведесеттите. Потоа секоја тргна по својот пат.
„Убави времиња беа тоа. И денес мислам дека луѓето не памтат по настапите, кореографијата, носевме иста облека. Потоа јас сакав соло кариера, се разделиме. Тогаш не бевме во добри односи, но денес сме сосема коректни една кон друга“, открива Спасовска.
Муабетот со Ирена не може да биде досаден. За борбата со килограмите вели: „Вклучен е црвениот аларм, се враќам во теретана. Ама, има една друга работа. За нас жените, ако се поправиме ќе речат види ја оваа е дебела, а кога некој маж ќе се здебели, коментарот е поинаков, демек, види го, ко мече е. Не е фер. Ние жените секогаш сме во некоја таква ситуација, како помалку да вредиме“, искрена е фолк-пејачката.
Ирена често објавува провокативна фотографии, па не еднаш се соочила со лоши коментари: „Па да не треба после 40 години да се пензионираме или да не се сликаме? А, па тие што коментираат навредливо се луѓе кои гарант по дома не ги почитуваат или се обична нула“, кажа Ирена за „Репортер“.
Една фотографија од Катар го привлече вниманието откако со извесен шеик се сликаше на коктел. Ни кажа дека ја прошетал низ неговиот трговски центар. „Види и денес ме бара, ама ние Македонките се тешки жени“, открива Спасовска.
За разделбата со новинарот Орце Гелевски, по 13 години љубов вели: „Додека не ме прашаат, јас не се ни сеќавам на таа врска“.
Што мисли за колегите од фолк-естрадата и за хејтерите, со кого е во љубов, преку Египет и Катар, до муабетите за разделбата на долгата врска, става ли ботокс и каде сè има тетоважи, гледајте го интервјуто.