Кралицата Летиција вчера заедно со сопругот Фелипе присуствувала на доделувањето на престижните книжевни награди Мигел де Сервантес во Мадрид, а за таа прилика избрала да носи прекрасен фустан.
Како што очекувавме, така и овојпат таа ја оправдала титулата најдобро облечена жена.
Летиција прошетала во фустан од шпанскиот дизајнер Мануел Пертегаз кој е еден од нејзините омилени креатори, а дури и на својата венчавка таа носела венчаница со неговиот потпис.
Нагласените рамена оваа година се хит, како и цветниот принт. Фустанот со миди должина ја истакнал нејзината витка фигура, а шминката ја истакнала нејзината природна убавина.
Шпанската кралица стајлингот го надополнила со розови салонки од превртена кожа и плик-чанта во иста нијанса на боја, како и дискретни розови дијамантски обетки.