Шакира иако често излегува гола на своите спотови и настапи, ретко може да се види во бикини, но неодамна папараците имаа драгоцена можност да ја уловст на плажа. Латино дивата уживаше со семејството на шпанскиот остров Питиусас, во крајно опуштено, морско издание.
Пејачката, која во февруари го прослави својот 45-ти роденден, на плажа уживаше во цветни бикини и шорцеви со ист принт, покажувајќи ја својата витка линија, тенка половина и бујниот задник.
Беше интересно да се види огнената Колумбијка во едно целосно неоптоварено, опуштено издание, без трошка шминка и со неуредна пунџа.
Колумбијката, висока само 157 сантиметри, може да се пофали со неверојатен тен и лице без брчки и неправилности. Кој би рекол дека веќе е во петтата деценија! Изгледа помладо, нели?
Инаку, Шакира ја одржува кондицијата со напорни вежби – секогаш тренира шест дена во неделата пред важни настапи! Нејзиниот тренер Ана Кајзер истакнува дека пејачката вежба по 90 минути дневно, а во деновите кога нема време не прескокнува тренинзи – едноставно ги скратува на 30 минути.
Шакира обично танцува или прави кардио тренинзи, а Ана истакнува дека смислила посебен план за исхрана за својот познат клиент. Ова не е диета, туку исхрана која вклучува намален внес на шеќери, млечни производи, преработена храна …