Една од најатрактивните Македонки, стружанката Теодора Мартиноска која на социјалните мрежи стана позната по провокативните фотографии кои ги споделува, пред два дена остана без својот профил на Инстаграм со 30.000 следбеници.
Засега не е познато која е точната причина зошто е профилот исклучен, но атрактивната Теодора стравува за нешто друго.
Имено, преку профилот на Инстаграм таа беше поврзана и со популарната страница „Only Fans“, преку која Мартиноска продаваше експлицитни фотографии и видеа. Таа веќе има нов профил, но вели дека ѝ е страв овие слики да не се појават во јавноста, ама да не се откријат ѝ приватните пораки во кои се допишувала со многу јавни личности
„Не се само фотографиите и видеата, туку се плашам и за пораките кои ги имав во инбокс. Ми пишуваа многу луѓе, меѓу нив познати бизнисмени, политичари, спортисти, пејачи… Ми оставаа секакви пораки, понуди, ми испраќаа нивни интимни фотографии и што ли уште не. Јас сакам само да се оградам од тоа доколку нешто од нив се појави во јавноста, едноставно јас не сум виновна за тоа“, вели Теодора.
Инаку, таа стана позната откако изјави дека преку страницата Only Fans ги продавала своите носени гаќички.
https://www.instagram.com/p/Cckg_ZtM2Xo/