Евровизискиот претставник на Македонија за 2021 година, Васил Гарванлиев се вeрил на романтично патување во Америка.
Васил на Фејсбук објави фотографија на која држи кутија во која најверојатно има накит.
„Те сакам“, пишува до фотографијата.
„Небото е полно со ѕвезди, но јас гледам само една“, дополни Гарванлев.
„Точно е дека се свршив. Сè се случи набрзина. Се запознавме кога дојдов во Америка и работите некако ни тргнаа од прва. Заљубен сум и малку шокиран, стварно не очекував дека ќе ми се случи љубов. Ама како што велам, внимавај што посакуваш“, вели Гарванлиев за „Репортер“.