По повеќе од една деценија љубов и заеднички живот, Драган Спасов Дац и неговата избраничка Весна официјално стапија во брак
Актерот вчера го прослави својот 59. роденден и по тој повод организирал роденденска забава во еден скопски локал каде Дац има свирка. За среќата да биде двојна, неговата сакана Весна му приредила несекојдневно изненадување кое, дефинитивно, не го очекувал.
Имено, таа организирала тајна венчавка – купила бурми, нарачала бидермаер и повикала матичар. На голема радост на најблиските кои биле присутни во локалот, Дац и Весна го кажале судбоносното „да“ и ја крунисале својата долгогодишна љубов.
Од претходниот брак, Дац има два сина.