Ешли Харклроуд не престанува да ја изненадува американската јавност Поранешната тенисерка пред неколку дена гордо објавила дека го споделила својот прв порно филм на платформата „Onlyfans“.
Ешли Харклвуд (37) првпат го привлече вниманието на јавноста во 2008 година, кога направи едиторијал со разголени фотографии за познатиот магазин Плејбој. Потоа стана светски позната, иако бележеше солидни резултати на тениските турнири.
Во 2003 година беше 39-та во светот и се обидуваше да се избори за место во светот на женскиот тенис, со кој управуваа сестрите Серена и Венус Вилијамс, како и Марија Шарапова.
Таа е активна на социјалните мрежи, а неколку години наназад и официјално е членка на платформата „Onlyfans“ платформата каде што наплаќаше по 10 долари месечно за нејзините разголени фотографии. Сега одлучила да оди чекор понатаму со својот партнер Чак Адамс, поранешен тенисер и тренер.
– Ако имам обожаватели кои се подготвени да потрошат пет евра на една фотографија, до каде можам да одам? Еве го моето прво порно видео, домашно дело со животниот сопатник, вака Ешли го најавила своето видео кое заврши на споменатата страница.
Ешли е мајка на две деца, момче и девојче, Чарли (13) и Лорета (11), кои ги добила од бракот со Чак Адамс. Како млада, таа била мажена за тенисерот и колега Алекс Богомолов Јуниор. Работела како ТВ коментатор на тениски натпревари, додека не ја открила леснотијата за заработка преку „Onlyfans“.
Интересно е тоа што во една прилика таа открила како се одлучила за храбар потег, да се фотографира гола за Плејбој. Тоа се случило кога била повредена и не тренирала.
– Лежев три недели и едноставно добив понуда. Добро размислив, сфатив дека во моментот ништо не правам и решив да се фотографирам. Зошто да не, јас сум горда на своето тело и претставував тело на спортистка – се присетила Ешли.