За минатогодишниот настан одржан на 26 јули, на Ристо Вртев за настапот од час и половина му биле доделени ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА, додека оркестарот вкупно бил платен со петнаесет илјади евра, вели Левица
„Во склоп на организацијата на концерти на отворено ЈУ Универзална Сала од Град Скопје била помогната со 3 милиони денари, за само на овој настан една петтина од средствата да се искористат за најмување на пејачот на Архангел.
Имено, минатогодишната тема на настанот беа токму изведбите на песните на овој македонски бенд, за што изјави задоволство и Петре Шилегов, чиј ангажман на Дино Мерлин за новогодишната прослава за 2020 година беше предмет на сомневање.
Ако се земат во предвид резимеата на претходниот градоначалник Петре Шилегов, и претходниот директор на установата Филип Аврамчев – кој наследи нефункционална установа и во таа состојба ја напушти, се доведува до знак прашалник природата на ова најмување на Ристо Вртев.
Негувањето на културното минато во градот е неопходно, но сомелувањето на градската помош во полза на меѓусебно наградување и договори е неприфатливо. Културните установи преку заткулисни игри за полнење на џебови, ја хендикепираат градската култура, за во иднина да немаме минато за славење.
Културните дејци во градот се оставени најдоле на приоритетната листа поради ваквиот пристап кон буџетите на установите, додека граѓаните немаат програма и услови за културно надградување како што на главен град му прилега.
За кадрите на коалцијата на Власт предводена од СДСМ, пристапот кон јавниот сектор е погубен по државниот буџет и развојот на сите сфери на живот на граѓаните“, обвинува Левица