Украинка и Русин, бегалци од Украина, се венчаа на мексиканско-американската граница.
Украинката Дарија Сахњук и Русинот Семен Бобровски, баратели на азил во САД, се венчаа на мала церемонија во матичната служба на мексиканскиот пограничен град Тихуана.
„Многу сум среќен што запознав многу добри луѓе, кои ни помогнаа да организираме свадба овде во Мексико, во Тихуана“, рече Сахнјук, пренесе BBC.
И двајцата живееле во Украина пред војната и планирале да се венчаат во Киев, изјавиле за ТВ Телемундо, пренесува британската мрежа.
По церемонијата, парот го прослави 27-от роденден на Дарија на традиционален мексикански начин.
Според градскиот совет на Тихуана, двајцата дошле во Мексико пред две недели.
Семен не можел да побара азил во САД, поради имиграциското правило, според кое им е дозволено само на граѓаните на Украина кои бегаат од конфликтот.