Конгресменот Елијаз Ваз, кој го разоткри купувањето на вијагра, рече дека Министерството за одбрана „одобрило купување на 60 протези за пенис“.
„Прашањето што се поставува е: Зошто владата на претседателот Жаир Болсонар троши јавни пари за да ги купи овие протези?“, напиша Ваз во писмото до AFP. Бразилците едвај можат да добијат лекови, а тој ќе почести некоја група луѓе со скапи протези.
Ваз рече дека Министерството набавило 60 „силиконски импланти“ по цена од 50.000 до 60.000 бразилски реали (помеѓу 10.000 и 12.000 евра) по парче. Вкупниот трошок е нешто помалку од пет милиони. Тој рече дека информацијата доаѓа преку владиниот „портал за транспарентност“ каде што може да се види за што се трошат јавните пари.
Конгресменот рече дека ќе го проследи случајот до федералните обвинители. Војската наиде на жестоки критики во понеделникот, откако Ваз откри дека набавила 35.000 парчиња од „малата сина пилула“, или вијагра, што предизвика експлозија од шеги на социјалните мрежи.
Нарачката се однесува на силденафил, активната состојка на вијаграта. Одделот за одбрана соопшти дека апчињата служат за „лекување на пациенти со пулмонална артериска хипертензија“, вид на зголемување на крвниот притисок.