Свадбата на ќерката на најбогатиот човек во Индија Мукеш Амбани го привлече вниманието на целиот свет. Имено, бизнисменот Мукеш Амбани ја омажи ќерката Иша Амбани (27) за Ананд Пирамал (33) исто така, син на милионер од Мумбај.
Главната прослава се одржа во грандиозниот дом на семејството на невестата кој е на 27 ката. Меѓу гостите беа Хилари Клинтон, младенците Пријанка Чопра и Ник Џонас, моделот Наталија Водјанова како и многу славни личности од Боливуд.
Поп-ѕвездата Бијонсе пееше на забавата во пресрет на свадбата на ќерката на најбогатиот Индиец во државата Раџастан во Индија.
Инаку, Мукеш Амбани, таткото на невестата, со богатство од 42 милијарди долари, е најбогатиот човек во Индија и во Азија воопшто, како и 19-ти најбогат човек во светот, според Форбес. Семејството Амбани живее во 27-катница во приватниот град Антилија во Мимбај, што се смета за најскапата куќа на светот вредна над 1 милијарда долари, со градини на повеќе нивоа и три хелидроми.