Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија и поранешен вицепремиер на Србија Расим Лајиќ, пишува српски Курир, доживеал тешка сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила на автопатот Белград-Ниш, а како што неофицијално дознава Курир, загинал возачот на Љајиќ, чиј идентитет се уште не е утврден.
Според првите информации, несреќата се случила рано утринава кај Ражањ, а Љајиќ е повреден и во моментов е префрлен во КЦ Ниш.
Љајиќ во свесна и стабилна состојба е пренесен во КЦ Ниш.
– Правиме скенирање на глава, граден кош, стомак, велат информации од Клиничкиот центар.