Оливија Дабровска имала околу 3. години кога стана неизбришлив дел од филмската историја во класиката на Стивен Спилберг, „Шиндлеровата листа“, која доби Оскар.
Девојчето во црвено палто – која недопрена шета низ гетото во Краков додека неговите жители се цел на германските војници – не само што беше единствената боја во инаку црно-белиот филм, туку симболизираше и голем дел од комплицираниот танц во филмот помеѓу надеж и безнадежност, насилство и сочувство, вина и невиност.
„Шиндлеровата листа“ е приказна за член на нацистичката партија кој им помогнал на илјадници Евреи да ја избегнат смртта, а како и главниот јунак во филмот, Дабровска, која сега има 32. години и живее во Полска, презема акција за да им помогне на цивилите кои се обидуваат да избегаат од војната.
На 9. март, поранешната актерка споделила уметнички приказ на нејзината култна сцена во филмот со променета боја на палтото од црвена во сина за да го претстави сино-жолтото знаме на Украина, кое исто така го сподели како дел од објавата.
Таа отсекогаш била симбол на надежта, нека биде повторно“, напишала Дабровска.
Во деновите што следеа, Дабровска отишла на полско-украинската граница за да им помогне на бегалците, а на социјалните мрежи побара помош во нивно име.
Меѓу најавите таа сподели и сцени по бомбардирањето на украинскиот град Јаворив.
„Денес Русија го бомбардира Јаворив. На само 20. километри од Полска. Толку блиску! Исплашена сум, но тоа само повеќе ме мотивира да им помагам на бегалците“, напишала Дабровска.
Таа наишла на мајка Украинка со две деца кои бегаат од војната, на која и требал превоз до оддалечениот град во близина на границата со Германија.
„Обично превезуваме бегалци во нашата област, но овој пат не можевме само да кажеме ‘не’. Тие очајно сакаа да дојдат до својата сестра. Тие деца… Боже мој, едвај ги задржувам солзите“, напишала таа.
Дабровска во средата ја објави својата фотографија и рекла дека таа и нејзината мајка напредуваат во набавката на комплети за прва помош за украинските војници, воспоставуваат механизам за донации и „активно им помагаат на бегалците, на терен и онлајн“.