Погребот на лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, беше одржан во петокот во катедралата „Христос Спасител“ во Москва, пренесува РИА Новости. Од Жириновски се прости и Владимир Путин, и како што може да се види на видеото, тој бил на работ на солзи.
Ова беше неговото ново појавување во јавноста, по тоа на 18 март во Москва кога се одржа големиот митинг по повод анексијата на Крим и Светастопоље.
Инаку, Владимир Жириновски беше хоспитализиран на 2 февруари во болница во Москва поради коронавирус. Потоа му беше дијагностицирано оштетување на белите дробови од 75 проценти. Тој беше прикачен на респиратор.
Здравјето на Жириновски се подобри на 16 март. Но, четири дена подоцна, на 20 март, „Известија“ објави дека Жириновски има сепса, поради што е донесена одлука повторно да се стави во медицински индуцирана кома.
Жириновски (75) беше познат по провокативните и антизападни изјави кои го држеа во центарот на вниманието на јавноста повеќе од три децении.
Владимир Путин простился с Владимиром Жириновским. Лидер ЛДПР ушел из жизни 6 апреля после тяжелой и продолжительной болезни. Ему было 75 лет. Похороны пройдут на Новодевичьем кладбище pic.twitter.com/PJSwmvED27
— РИА Новости (@rianru) April 8, 2022