Белорусија ја прогласи Македонија за непријателска земја. Одлуката на Владата во Минск стапува во сила со нејзиното објавување, а Националниот правен интернет портал денеска ја објави и резолуцијата на Советот на министри за тоа, јави Интерфакс. Покрај земјите – членки на Европската Унија, на листата се уште 12 земји: САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија.
Белорусија oфицијално не учествува во војната на Русија во Украина, но ја поддржува и е под низа санкции од западните земји.