Весна Бејби Петрушевска на својот Инстаграм профил за прв пат објави слика од новиот дечко. Љубовта на Бејби се вика Зоран Ацидовски и се занимава со приватен бизнис.
Весна пред еден месец изјави дека е среќна и вубена. Во нејзината книга „Трофеј“ која е автобиографска, актерката пишува за тоа како посакува да и се случи нова љубов, и еве по три години, желбата и се оствари.
Нејзините пријатели со позитивни коментари реагираат на фотографијата.