Сопственикот на колекцијата е Чин Џит Пинг, познат како JP, а се збогатил во 1996 година кога ја основал Silverlake Innovation Partners, ИТ компанија која работи за банките во Малезија. Оттогаш тој инвестира во автомобили, а неговата колекција брои меѓу 60 и 100 автомобили.
Велиме „инвестира“ затоа што тој не ги вози колите што ги купува. Ги одржува во првобитната состојба и исклучиво ги доживува како инвестиција. А во неговата колекција се три Бугати. Покрај Chiron, поседува приближно 2,5 пати поскапо Divo, единствено во Југоисточна Азија. Колекцијата наскоро ќе биде збогатена со уште едно специјално Bugatti. ЈП го купил Болиде, чија испорака е планирана да се изврши во текот на 2024 година.
Bugatti Divo е изложен во салонот Bugatti во Сингапур, а наскоро ќе се упати во Малезија каде ќе биде изложен во неговиот JPM музеј во Куала Лумпур. Таму се изложени најзначајните автомобили од колекцијата, вклучително и петнаесет копии на најпознатите филмски автомобили.
Повторно, Чин не ги вози автомобилите од колекцијата, туку ги чува во музеј и ги издава за специјални прилики по потреба. Скапите автомобили ги гледа како инвестиција која ќе му донесе сигурен приход. Приватно, Чин користи Bentley Flying Spur и Rolls-Royce Ghost, а кога лично ќе седне зад воланот, тогаш тоа е домашен Proton X50 или X70.
“Полесно е да се вози автомобил кој не привлекува внимание. Кога возите скап автомобил, луѓето гледаат во вас и најлошото е што треба да внимавате да не го оштетите автомобилот, особено на паркинго”, заклучува Чин..