Американката Ана од Њу Џерси сподели низ каков пекол поминала склоноста да ослабне огромен број килограми.
Губењето значителен број килограми може да ви го промени животот и така е во двете насоки – промената може да биде позитивна, но и негативна. Имено, кога ќе ве етикетираат како екстремно дебели, слабеењето се смета за огромен успех, но се покажа дека тоа не е случај со една мама од Њу Џерси, која буквално мразела како изгледала откако ослабела неверојатни 150 килограми.
Нејзината приказна го обиколи светот, а таа храбро ги сподели своите фотографии и пред и по слабеењето.
Дваесет и осумгодишната Ана уште од мали нозе има проблем со килограмите. Без разлика што ги посетувала сите можни лекари, како што одминувало времето, таа станувала се поголема и поголема.
„Беше фрустрирачки за сите членови на семејството“, вели мајката на Ана.
Поради сето ова, младата жена конечно решила да се подложи на хируршко намалување на желудникот, но и строга диета, бидејќи како што вели, и психичките и физичките болки поради постоечкиот проблем станале неподносливи.
Меѓутоа, тогаш се случи нешто што никој не го очекуваше – кога после неколку месеци конечно ја постигна целта и ослабе десетици килограми, доживеа горчливо искуство. Имено, кога ослабела, на нејзиното тело останал огромен вишок кожа.
Несреќната Ана се пожалила на целата ситуација и со денови станувала се понезадоволна од резултатот бидејќи, како што тврдела, изгледала полошо отколку кога имала повеќе од 100 килограми.
После долг период на таков живот и признавање дека повеќе не може да се гледа себеси во огледало, Ани конечно доби шанса која и ја врати светлината во животот. Таа беше подложена на операција за отстранување на вишокот кожа, по што се изгледаше поинаку.
-Кога го отстранив вишокот кожа, конечно ги видов резултатите од слабеењето – изјави задоволната Ана споделувајќи со светот фотографии од своето тело по операцијата.
Оваа жена вели дека конечно може да излезе со својата ќерка и дека не се срами да облече костим за капење бидејќи конечно го добила телото што го сака.
Погледнете како изгледа сега.