Брус Вилис на снимањето со Моника Белучи бил погоден со проектил во чело, можна причина за да му се појави болеста (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудскиот глумец Брус Вилис мораше да се повлече од актерството затоа што боледува од афазија, болест која влијае на спосоноста на слушање и говор. Сега неговите пријатели тврдат дека болеста ја влече уште од снимањето со Моника Белучи во филмот Tears of the Филмот е снимен во 2002. година, а семејството и пријателите на актерот веруваат дека тој и денес може да ги почувствува.

Инаку, афазијата е сериозно нарушување што го спречува пациентот да комуницира нормално. Оваа комуникација не е попречена од некои механички нарушувања: болниот сè уште може правилно да ги изговара гласовите, но не може точно да ги артикулира своите мисли, а во некои случаи дури и не може да го разбере говорот на другите.
Афазијата е сликовито прикажана во една епизода од популарната серија Доктор Хаус. Пациент кој боледува од афазија ја повторува реченицата „Не можев да ја совладам мечката“, а тоа всушност значи дека не можел да се справи со своето биполарно растројство.
Но, наместо да го најде вистинскиот израз, пациентот користел далечна асоцијација на двата поима (поларна мечка – биполарно растројство) и на тој начин се обидел да објасни во што е проблемот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com