Третиот најбогат човек на светот, Бернар Арно своето богатство не го стекнал од технолошка индустрија, како останатиот дел од најбогатите луѓе, туку тој има многу потрадиционална професија, основана на луксузните производи.
Од 4 јуни 2021 година, францускиот моден тајкун Бернар Арно – сопственик на „LVMH“ е најбогат човек на светот со проценета нето вредност од 190,3 милијарди долари. Тоа значи дека тој го надминал и Џеф Безос со проценета нето вредност од 186,7 милијарди долари и Илон Mаск, со проценета нето вредност од 149,9 милијарди долари.
Не бидете опседнати со пари
Бернар Арно е еден од оние бизнисмени кои секогаш велат дека парите се само пoследица.
„Вообичаено на својот тим му велам да не се грижи премногу за профитот. Доколку добро ја завршат својата работа, профитот ќе дојде“.
Ова е лекцијата која многу од милијардерите тежнеат да ја следат. Исто така, за горенаведените информации сведочи и едноставниот факт што Бернар пред само неколку години стана еден од најбогатите луѓе на светот.
Не мислете на себе
Разликата меѓу Бернар Арно и другите милијардери, како Илон Маск или Бил Гејтс е во тоа што му значи да ги промовира брендовите, но никогаш себеси. Некои од бизнимените личниот имиџ заедно со своите работи и достигнувања го промовираат на јавната сцена.
Од друга страна, францускиот бизнисмен никогаш не бил заштитно лице на својата компанија туку тој се фокусира на производите.
„Тоа што ме забавува е обидот креативноста да ја претворам во работна реалност ширум светот. За да го направите тоа мора да останете во контакт со дизајнерите, но и нивните идеи да ги направите поконкретни и поодржливи“, вели тој.
Имајте доверба во својата визија
„Се сеќавам дека луѓето ми зборуваа дека нема смисла да се купуваат толку брендови, но на крајот тоа беше успех. Тоа беше признаен успех и во последните 10 години секој конкурент се труди да го следи. Мислам дека не се успешни, но се обидуваат“, коментирал Арно.
Тој брендовите почнал да ги купува во 1980-те, но дури во последните децении станал еден од најзначајните милијардери во светот.
Не губете контакт со својата компанија
Една од најлошите грешки во раководењето е да заборавите на компанијата кога сте на врвот. Навистина мора да го прегледате секој агол и секој дел од машините за да видите дали се работи како што треба или пак има простор за подобрување.
„Често на својот тим му кажувам дека треба да се однесуваме како да сме дел од мал бизнис. Не одете премногу во канцеларија, останете со клиентите или дизајнерите додека работат. Секогаш барам менаџери за продавниците и сакам да ги видам во базата, а не во нивните канцеларии како работат канцелариска работа“, вели Арно.