Рејвен Сајмон сфатила дека доколку сака да ослабне, храната којашто содржи шеќер треба целосно да ја исфрли од исхраната.
Славната американска пејачка, актерка, кантавторка и продуцентка, која на пошироката публика ѝ е позната по многу улоги, открила дека ослабнала речиси 20 килограми така што намирниците кои содржат шеќер целосно ги исфрлила од исхраната.
Имено, сè започнало откако таа направила преглед кај доктор. Кога била започната шоу-програмата со име „Домот на Рејвен“ таа имала дури 95 килограми.
Сепак, успеала да ослабне речиси 20 килограми и да дојде до бројката од 77 килограми исклучиво благодарение на советите коишто ги добила од докторот.
„Кај докторот дознав дека мојата тежина не е примерна на некој на мои години“, изјавила таа во текот на гостувањето во емисијата „The View“.
Рејвен практикувала и физичка активност, но минимално, а клучот бил во повремениот пост.
Се трудела појадокот и вечерата да бидат во разлика од 14 часа минимално, а шеќерот во било кој облик во целост го исфрлила од исхраната и објаснила дека главната цел ѝ била да биде здрава.
„Не сакам да бидам како гранка, туку здрава и подготвена да се носам со староста“, изјавила таа.