Карина Ирби ги воодушеви своите следбеници откако го соблече бикинито за да го открие својот „секси“ целулит. Луѓето се воодушевени од нејзините слики затоа што таа покажа дека треба да се прифатите себеси и да уживате во животот
Боди-позитивната инфлуенсерка Карина Ирби (32) рече дека нејзиниот целулит е „секси“ откако изрази огромна љубов кон своето тело.
На австралиската интернет-ѕвезда не и е непознато да се пофали со своето тело во оскудни бикини на златен песок. Што го покажа и во една од најновите објави за нејзините 1,2 милиони следбеници на Инстаграм. Нејзината објава ја лајкнале повеќе од 13.000 луѓе.
https://www.instagram.com/p/CbmpOPGBHeS/
Русокосата убавица се впушти во мисија да го „нормализира“ целулитот и се соблече во бикини за да го покаже задникот.
За разлика од другите инфлуенсери кои често покажуваат мазна кожа, Карина реши да го прегрне својот природен задник – вклучувајќи целулит и дупчиња.
https://www.instagram.com/p/CagREyLBExE/
Импресионирани од изгледот на Карина, која го прифаќа целулитот, многу следбеници побрзаа да коментираат колку е храбра и дека е одлично што е реална, без филтри и пози кои кријат недостатоци, пишува Дејли Стар.
– Да! Го сакаме нашиот целулит, дупки и секоја ситница што не прави тоа што сме – напишал еден коментатор.