Смртта на Малена (3), Ирис (5) и Георгина (9), ќерките на поранешните сопружници Рула и Манос Даскалакис, одекнала во грчката јавност по наводите дека сите три девојчиња починале, како што мислело тогаш, поради разни болести.
По погребот на Георгина, Рула со потресни зборови се простила од ќерките на својот профил на Фејбук: „Те родив, ти дадов живот! Но, јас сум ти лута бидејќи ги остави моите раце празни. Ми беше поддршка, причина да се смеам, причина што добив причина да продолжам! Беше борец до последен момент, се смееше, не гледаше без можност да проговориш и очите ни кажуваа да продолжиме, тука сум, се борам! Среќен пат мала моја! Ти посакувам убава средба со твоите сестри“! За мене никогаш не замина и никогаш нема да заминеш!!! Ве сакам сите три, стоело во описот на трогателната порака.
А потоа, вчера, како бомба одекнала веста дека полицијата во Патрас ја привела мајката на трите девојчиња поради сомнеж дека го извршила убиството на Георгина со труење.
Судските органи наведуваат дека обвиненијата за 33-годишната мајка на Џорџина се поврзани, а тоа не го оспоруваат ни податоците кои произлегуваат од токсиколошките испитувања од Атина и Солун, медицинскиот картон и сведоштвата на сведоците, медицинскиот персонал и лекарите.
„Детето е мачено, имало страшна мачна смрт од рацете на самата мајка, бидејќи кетаминот предизвикува грчеви и предизвикува смрт од 5 до 15 минути најмногу“, било соопштено од обвинителството.
Се нагласува дека кетаминот кај лицето додека е живо, предизвикува смрт многу брзо, и не се открива во организмот, меѓутоа поради тоа што девојчето починало и немало метаболизам, бил откриен преку токсиколошките тестови. Во документите се споменува само Георгина.
Во истрагата на грчката полиција, покрај девојчето, опфатена е и смртта на куќната помошничка која живеела со осомничената и децата во истата куќа. Како што се наведува, таа починала од рак, но под светлото на новите докази во случајот со смртта на малата Георгина, се испитува дали несреќната жена исто таке била жртва на Паспиригу.
Пред куќата во која живеела уапсената од вчера има голем број на луѓе, кои покрај тоа што Рула ја нарекувале убиец, извикувале и други погрдни пароли и оставале графити на фасадата.