Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им го одзел воениот чин на двајца генерали поради прекршување на воената заклетва за верност кон украинскиот народ, истакнувајќи дека нешто ги спречило да одлучат каде е нивната татковина.
Зеленски рече дека тоа се Андриј Олекович, кој ја предводеше внатрешната безбедност во главната разузнавачка агенција на СБУ и Серхи Олександрович Криворучка, шеф на СБУ во Херсон, првиот голем град во кој Русите ја презедоа контролата.
Украинскиот претседател ги нарече антихерои.
– Одлуката е донесена за антихерои. Сега немам време да се занимавам со предавници. Но, со текот на времето, сите ќе бидат казнети. Случајните генерали не припаѓаат овде – рече Зеленски.