Последната епизода на American Idol содржеше неколку впечатливи изведби, но сите останаа во сенка на несреќата што и се случи на членката на жирито Кети Пери.
Додека го пееше својот хит Teenage Dream, кожените панталони ѝ се скинаа токму на задникот.
Сè започна кога натпреварувачите од Холивудската недела почнаа да ја убедуваат 37-годишната пејачка да импровизира со нив. Кога почнала да го пее рефренот, Кејти клекнала и нејзините тесни црвени панталони ѝ пукнале доста гласно.
Таа го покри расцепот со рака и отиде кај асистентите на снимањето, велејќи:
„Може ли да ми дадете лента?“
Нејзините колеги од жирито, Лајонел Ричи и Лук Брајан, не испаднаа многу колегијални – не можеа да престанат да се смеат на нејзината несреќа. Сепак, Брајан и продуцентите на серијата ѝ помогнаа да ја затвори дупката.
"Teenage Dream" 𝘱𝘦𝘳𝘧𝘰𝘳𝘮𝘦𝘥 𝘣𝘺 @katyperry & the #HollywoodWeek contestants!#AmericanIdol pic.twitter.com/YdDgkPTNTQ
— American Idol (@AmericanIdol) March 29, 2022