Бијонсе може да се пофали со одличен глас, но и фигура, што уште еднаш го докажа со низа сексапилни фотографии на социјалните мрежи.
Своите препознатливи облини, овојпат пејачката ги истакна во проѕирен фустан со циркони.
Бијонсе позирала заводливо држејќи златен вел, а оваа сексапилна комбинација повеќе открила отколку што покрила… На една од фотографиите, поп дивата ги прекрива своите гради, а на друга позира свртена со грб кон камерата, со што во прв план е нејзиниот задник.
Пејачката под фустанот носела мрежести чорапи кои дополнително ги истакнале нејзините нозе, а сексапилниот имиџ го надополнила со тренди очила за сонце и чанта со циркони.
Со ваквата објава, Бијонсе „собра“ бројни комплименти на сметка на својот беспрекорен изглед:
„Каде беше досега?“, „Ох Боже мој, се губам“, „Целиот свет е твој“, „Величествена си“, гласат дел од коментарите под објавата.