За Џенифер Лопез се чини дека времето застанало. Оваа латино убавица плени откако се појави на сцената, а сите имаат впечаток дека како одминуваат годините, таа изгледа сè подобро и подобро.
Нејзиниот изглед и одржувањето на телото се должи на времето поминато во теретана, избалансираната храна, добрата хидратација на организмот, но и танцот.
Џенифер најчесто практикува кардио-вежби, но и оние за дефинирање на мускулната маса. Таа вежбаше во домашната теретана и секојдневно трчаше дури и во периодот на корона и изолација.
Малкумина знаат дека оваа светски позната пејачка кариерата ја започна во танцовата група Џенет Џексон. Танцувањето е нејзината најголема љубов. Честопати вели дека толку многу сака да танцува што и не чувствува дека тренира додека танцува.
Џенифер е позната по исклучително силното тело и способноста да изведува акробации на шипка.
Исто така, Џенифер многу внимава што јаде. Нејзината исхрана е богата со протеини, здрави јаглехидрати и зеленчук. Понекогаш знае да си направи задоволство, па многупати изјавила дека не се лишува од ништо кога е храната во прашање, туку дека се труди да се храни здраво.
Познато е дека водата влијае на детоксикацијата, па Лопез пие најмалку 7 чаши вода дневно.