Актерот Леонардо Дикаприо ќе мора да го врати Оскарот кој припаѓал на легендарниот Марлон Брандо, кој го добил на поклон.
Тој ја доби статуата од малезискиот бизнисмен Џо Лоу, кој во пеѓувреме е оптужен поради измама во инвестициски фондови.
Дикаприо од Лоу ја доби и сликата ја Пабло Пикасо и колажот на Жан-Мишел Баскијат.
Интересно е тоа што Оскарот на Брандо исчезна од неговата куќа во Холивуд, за подоцна да биде купен од Лоу за 600.000 евра, а бизнисменот беше тужен поради измама од милијарда долари.