Полициски службеник од полициската управа во Зајечар, Србија, со иницијали И. Ѓ. (28) е убиен синоќа на службена должност кога во него од огнено оружје пукал Д.З., соопшти српското МВР.
Д.З. испукал два куршума кон полициски службеници, кои постапиле по пријави на граѓани дека во зграда на улицата „7 Септември“ се слушнале истрели. Притоа бил погоден полицаецот кој им подлегнал на повредите во ЗЦ Зајечар.
Непосредно пред пристигнувањето на полициската патрола Д.З ја застрелал својата пријателка В.Ѓ. (62).
По пукањето, напаѓачот се забарикадирал на таванот и неколку часа подоцна се самоубил.