Професорката по социологија од СУГС Гимназија „Никола Карев“, Валентина Панџарова на социјалните мрежи ги пофали своите ученици за направеното добро дело. Имено, учениците го почестиле бездомникот кој често седи пред гимназијата со разговор, сендвич, чист џемпер и маица и стрижење и бричење во берберница во ТЦ „Лептокарија“.
„Дедо Исмаил е 38 години бездомник.Одамна го гледаме на ќошот на Гимназија Никола Карев ,седнат, полуслеп,истоштен…во придружба на кучето,па и тоа бездомник…Одвреме,навреме децата му оставаат сендвич,кој го дели рамно на пола.Пола за него,пола за другарчето. Вчера,учениците од Карев разговараа со него за животот,за здравјето,за потребите…Скромен,вели не му треба ништо освен чист џемпер и маица. За кратко време му ги подарија. Деца се тоа,чисти,жалосливи искрени… Прашаа што може друго да сторат за него. Дедо Исмаил одвај проговори дека би сакал некогаш да се избричи. Лека,полека, колку му дозволуваат годините што му натежнале, во придружба на Каревци го однесовме до првата берберница, каде љубезниот персонал го дотера.Горда сум на вас деца, знам колку е убаво чувството кога теоријата ја оставате во училница. Делата се битни“, стои во објавата.