Новинарот Саше Ивановски Политико се разведува со сопругата Марина. Веста ја објави адвокатот на неговата сопруга Јанаки Митровски кој вели:
“Никогаш не сум бил одмаздољубив, така сум воспитуван. Кога Саше Политико по нарачка на Никса лупеташе за мене сакав да го тужам па ми дојдоа зборовите на мајка ми ‘Господ ќе ги казни’. И видиш имало Господ па денеска со сè уште сопругата на Саше, Марина, поднесовме тужба за развод на брак во која постапка јас ќе ја застапувам Марина. Едвај чекам Саше да се видиме во судница“.