Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу не е виден во јавност речиси две недели, што отвори прашања околу тоа каде се наоѓа, посебно што е надлежен за руската инвазија на Украина. На веб сајтот на руското МО нема нови објави во врска со Шојгу од 11 март.
Рускиот независен медиум „Агентство“ објави дека Шојгу, кој е еден од најблиските соработници на претседателот Владимир Путин, последен пат се појавил на државната телевизија на 11 март. „Агентство“, цитирајќи неименуван руски функционер, шпекулира дека Шојгу можеби не се чувствува добро и има проблеми со срцето.
Според извештајот на „Агентство“, рускиот „Прв канал“ на 18 март емитуваше прилог со Шојгу, но фотографијата искористена да се илустрира приказната е од видео објавено на веб сајтот на руското Министерство за одбрана од 11 мат.