Популарниот актер Милош Биковиќ гостувајќи во емисијата „Амиџи Шоу“ одговараше на лексиконски прашања кои му ги постави водителот.
Тој откри непознати детали од своето детство, но и шокираше кога призна дека учествувал во тепачка на Тајланд.
На прашањето на водителот дали е суеверен, тој одговори:
– Не, дури и често ми велат… Ти си изложен, ти фрлаат магија“. Верувам дека се враќа енергијата, тоа што ќе посееш, тоа и жнееш, и верувам во Господ, така што тоа се елиминира. За мене би било чудно да верувам во двете.
Биковиќ призна дека најголемата глупост ја направил како дете е тоа кога крадел храна во продавниците.
-Сега не се вика глупост, сега се вика бизнис или политика. Одам во супермаркет како дете, земам работи и излегувам. Сум го направил тоа неколку пати, моето друштво ме разоткри, па потоа почна организиран криминал, нарачки и тоа.
Милош, без да сака, откри кога последен пат се степал, тоа предизвика општ хаос во студиото.
-Имав 25-26 г., Миќко, Иван Михаиловиќ и јас бевме на Тајланд. Се степавме со Германци… – Отидовме на некоја „џунгла парти“, имавме џип, мал, да седнат само двајца, а третиот се возеше во приколка. Беа предвидени 4.000 луѓе, но забавата не успеа, имаше само 50 луѓе. Ќе ме убијат, не смеам да го кажам ова – рече со насмевка.
-Од сите луѓе на Тајланд, една „типка“ ме препозна и почнуваме да разговараме, таа беше со нејзиниот дечко, разговараме и јас заглавив со нив 15 минути, и ги гледам овие двајца како им се приближуваат на две Тајланѓанки. Разговарам и ги гледам идиотиве што прават, се вртам и зад нив група луѓе. Одам да видам и гледам како Германците почнаа да се расправаат. Едниот влета и ни рече дека не смееме така, Миќко скокна и го удри во лице. Тој тренираше џудо, јас теквондо. Во еден момент, Германецот почнува да бега, по нив двајца Германци, а јас и Иван по нив. Почнувам да се тепам со Германецот, тој прво ме удри со бокс по носот, почнувам да крварам… Додека го тепам, Тајланѓанката ме удира со пивско шише по глава, ја тргнав и обезбедувањето ме исфрли. Повторно се враќаме, а момциве доаѓаат и ни подаваат рака. „Супер сте, но тие се наши жени“. Според тајландскиот закон, можете да стапите во брак со Тајланѓанка на две недели.
По забавата тројцата крвави застанавме во еден бар да пиеме пиво, имаше „Транџа бар“ во близина. Нè гледа еден тип од два метра со перика, нога 46, тесен фустан, олкави бутини и лакирани нокти, и ни вели: „Луди ли сте?“ Дечко во фустан и перика ме праша дали сум луд – рече тој, што ги засмеа сите.